Луна Ѓогани е новиот победник на второто продолжение од реалното шоу „Задруга 2“. веднашпо победата и стивнувањето на првичната еуфорија, стигнаа информациите дека Луна кариерата ќе ја продолжи во стилот на Кија – како пејачка. Впрочем целото семејство и е на естрадата, па логично е и таа да стане дел од неа.
Нејзината мајка, пејачката Анабела Атијас откри дека песните на нејзината ќерка Луна ќе бидат биографски, а според текстот на првата песна “Деветтиот круг на пеколот”, поранешниот дечко на Ѓогани го опишува како сулуда грешка и адвокат на ѓаволот.
Дали станува збор за Марко Миљковиќ или Слобо Радановиќ, блогерката не сакаше да го открие тој детал.
Kако и да е, овој стих особено ќе го распамети нејзиното момче од „Задруга 1“ – Слоба Радановиќ! Еве ги стиховите на песната кои случајно протекоа во јавноста.
“Деветтиот круг од пеколот”
Хотелот емрачен, тоа преддворје на гламурот,
на ѕидовите твои слики, каква некултура.
Кусур од нула е твојата кула,
Од овие пиони, ти си водечка фигура.
Те прашувам дали телото може да ми седне,
душата ми стои затоа си спуштил ролетни.
Толку многу пати без адути,
за минута ме стига жолтата минута.
Ајде, крени ме на тронот.
И повторно, ти сулуда грешка,
и повторно ти, ѓавол што се смешка.
Со сите си кул, со сите си другар,
Адвокат на пеколот, деветти круг.