Српската пејачка Милица Тодоровиќ е во љубовна врска со актерот Петар Стругар.
Имено, Милица и Петар во емисијата „Амиѓи шоу“ ја обелоденија својата врска и првпат заедно се појавија пред камерите.
Милица и Петар веќе три месеци се заедно, а како што истакна парот ужива во својата романса.
Она што е малку познато на јавноста е дека Петар бил во брак со актерката Ивана Николиќ со која има син.
„Со Петар може за се да зборуваме кога ќе имате пријателски односи, се тоа ви е нормално“ изјави во една прилика екс сопругата на Стругар.
Парот се разведе во 2015 година, а останаа во добри односи и учествуваат во воспитувањето на детето.
За потсетување, Милица ја раскина и својата петгодишна врска со кореографот Милош Пауновиќ.