Радио Милева
им го крева... рејтингот

Ова е новата секси водителка на утринската на „Пинк“: Долги прекрстени нозе и „минич“ до папок (ФОТО)

Ова е новата секси водителка на утринската на „Пинк“: Долги прекрстени нозе и „минич“ до папок (ФОТО)

Утринската програма на ТВ „Пинк“ однеодамна има нова водителка.  Дајана Пауновиќ пред некое време започна со водење на утринската програма, менувајќи ја Деа Ѓурѓевиќ која долго се опоравуваше и се’ уште не е до крај закрепната по тешката сообраќајна незгода, кога градски автобус и ја откина раката! Но, Дајана засега работи само во одредени работни денови.

Таа сега станува пред пет часот и бидејќи програмата започнува во седум часот наутро, а новата водителка се труди и со сите сили се обидувајќи да изгледа свежо и привлечно за да го задржи вниманието на гледачите.

Утринава Дајана пред да започне со водење на програмата си направи мини фотосесија. Најпрвин едно „раскопчано селфи“, на кое црниот градник ѕирка под белата кошула…

…Потоа уште една-две фотографии за „Добро утро“, на кои сексапилната Дајана го покажува својот главен адут – долгите нозе, кои заводнички ги прекрстила и речиси до препони,кусото мини фустанче.

Онака згодна, пожелна и сексапилна, дајана со колегата Сарапа им се обраќа на гледачите уште од „црни зори“ за да им го разубави денот. Ним очите веднаш им се ококоруваат, а на ТВ Пинк, гледаноста на Утринската вртоглаво расте!

Дајана веројатно и затоа е донесена тука… За постојано да го крева… Рејтингот на „розовата телевизија“, се разбира!

 

Останати вести од Радио Милева