Радио Милева мистериозна девојка

Ова е новата девојка на Дарко Лазиќ?! Пејачот во теретана со неа – ги покажаа атрибутите со кои располагаат (фото)

Ова е новата девојка на Дарко Лазиќ?! Пејачот во теретана со неа – ги покажаа атрибутите со кои располагаат   (фото)

Пејачот Дарко Лазиќ ослабе 80 килограми по операција на желудникот, а потоа се посвети на одржување на нова линија, а покрај некои коментари дека е преслаб, повеќето тврдат дека изгледа подобро од било кога.

Иако редовно настапува неколку пати неделно и често патува, пејачот наоѓа време и за теретана, и каде од неодамна редовно објавува свои фотографии и видеа.

Тој преку тренинзите направи мускулна маса, а со последната објава од теретана ја заскокотка фантазијата на многумина.

По раскинувањето со Барбара Бобак се шпекулираше дека тој се смирил со поранешната девојка Марина Гагиќ со која има син, но тие тврдења никогаш не ги потврдија, а сега се појави слика од тренинг со непозната девојка.

Тие двајца позираа пред огледало опкружени со справи за вежбање, додека девојката го сврте грбот и покажа какви атрибути поседува без да го открие идентитетот.

фото:Принтскрин/Инстаграм/Дарко Лазик

To top