„Марлон Брандо“го објавија видеото за својата најнова песна насловена „Дај ми да пијам“, која е своевидна сатира за денешницата во Македонија. Автор на музиката и стиховите е мултиталентираниот актер и музичар Кирил Трајковски – Максим, а аранжманот е на Александар Кипровски, додека видеото е дело на продукцијата „Зона М1“.
Во новата песна гостува и трикратниот првак на хармоника Мишел Трајковски, кој периодов е актуелен со одличната „Тарантино џез“.
Со „Дај ми да пијам“ воедно се заокружува и материјалот за првиот албум на „Марлон Брандо“, а дали насловот е само параван за она што навистина се пее во песната останува да одлучи публиката.