Наташа Беквалац со години е миленичка на јавноста и поради искреноста и поради одличната смисла за хумор.
Овој пат поп ѕвездата реши да се пошегува на сметка на својот изглед, а воедно да им покаже на сите како изгледа без шминка.
Имено, Беквалац го искористи времето пред полетувањето на авионот за да направи утринско селфи со кое на своите фанови им порача дека е време целосно да се „разголи“ пред нив.
– Сега кога веќе се соблековме, време е да видиме како изгледа оваа кукла кога ќе се врати од концерт во Германија со првиот утрински авион – напиша поп ѕвездата како дел од фотографијата на која позира во спортска облека, без шминка, со врзана коса и подочници.
фото:Инстаграм/Наташа Беквалац