Радио Милева

Ова е менито на Ана Николиќ: Еве како пејачката ослабе 35 килограми

Ова е менито на Ана Николиќ: Еве како пејачката ослабе 35 килограми

Пејачката Ана Николиќ по породувањето долго време се бореше со вишокот на килограми, а сега конечно успеа својата линија да ја доведе до совршенство.

Имено, Ана изгубила 35 килограми така што редовно вежбала, но и се ставила на посебен начин на исхрана.

Како што пренесува „Информер“, Ана за појадок бира 2 до 3 парчиња интегрален леб, а со тоа пие чај за исфрлување на вишокот на течности. За првата ужинка јаде два портокала, а за ручек пилешко бело месо од 500 грама и  зелена салата со рокула, како и чиа семе.

фото: Принтскрин/инстаграм

Друга ужинка и е кисело млеко со краставици, а за вечера Ана јаде две пастрамки и салата. Со ваков начин на исхрана, многу вежбаше и пиеше еден препарат за слабеење, пишува „Информер.рс“.

Инаку, Ана Николиќ моментално ужива на егзотични дестанции каде што ја покажа своја совршена фигура, а друштво и прави нејзината ќерка Тара со која ја доби од бракот Стефан Ѓуришиќ Раста.

фото: принтскрин/инстаграм
To top