Пејачката Емина Јаховиќ е прилично активна на социјалните мрежи, а таму одвреме-навреме споделува и некои детали од приватниот живот.
View this post on Instagram
Таа неколку пати објавуваше фотографии од нејзината мајка Сенија за која е многу приврзана. Со оглед на тоа што го изгубила својот татко кога имала само 13 години, нејзината мајка имала голема улога во нејзиното воспитување, а тие сѐ уште се неразделни.
View this post on Instagram
Пејачката често доаѓа во Србија да ја посети, но често Сенија оди и во Турција, каде Емина најмногу време поминува со синовите Јаман и Јавуз.
Инаку, Сенија по професија е педијатар.
Фото: Принтскрин Инстаграм/yaemina