Анабела Атијас на музичката сцена е од 1990-тите, додека нејзината мајка Јадранка Полутак ретко сме ја виделе во јавност за сето ова време.
Јадранка со децении живее во Шведска, а Анабела често истакнувала колку е врзана за мајка си.
Тие две се и физички и карактерно многу слични, а поранешната пејачка на групата „Фанки Џи“ еднаш покажа како изгледала нивната средба по период во кој долго време не се виделе.
Јадранка се расплакала во таа прилика, а познато е дека претходните години во многу наврати ронела солзи поради нејзината наследничка, поради нејзините бродоломи во љубовниот живот, поради случувањата во реалните шоу програми во кои учествувала, но и заради борбата на Анабела со опасна болест, турбулентна врска со ќерката Луна, проблемите со семејството и нејзиниот поранешен сопруг Гаги Ѓогани.
Фото: Инстаграм принтскрин/anabelci