Нивната љубовна приказна е слична на филм, а и покрај сите препреки Дино Мерлин и негова сопруга Амела останаа заедно.
Имено, Дино и неговата сопруга се заедно од нејзината 17 година, а ја оженил кога наполнила 21 година. Поради статусот на Дино Мерлин, семејството на Амела и браниле да биде со пејачот.
Нејзиното семејство потекнувало од богата фамилија, па нејзините родители биле против нивната врска и да биде со Дино. Додека пејачот одел на занает, таа завршувала Гимназија и нејзините родители сакале да се омажи за некој од нејзино ниво.
Сепак, нивната љубов била посилна и побегнале кога имале 20 години и таа тајно се венчала за пејачот.
„Беше романтична венчавка, иако на некој начин ја киднапирав. Со нас беа само нашиот кум и нејзината сестра која беше кума. Говрот на математичарот беше предолг, па често гледав некој да не влезе низ вратата и не ја поквари сцената. Мене ме чекаше голема одговорност за семејството и тешка работа, а родителите на Амела беа толку лути што пола година не сакаа да слушнат за неа. Но, времето лечи се, па денес родителите на Амела ме сакаат и повеќе од заслуженото“ изјави Мерлин во една прилика.
Во една прилика кога се вратил дома, сопругата го прашала дали донел за јадење, а тој и одговорил дека и напишал песна.
Тој ја напишал песната „Кокузна времена“ која се најде на неговиот прв албум.