Миа Борисављевиќ е родена во Ваљево, а иако поради својата кариера го напуштила својот дом, сепак кога има прилика оди во својот роден крај.
Пејачката живее со момчето Бојан Грујиќ и ќерката Ема во Белград.
Меѓутоа, екипата на „Телеграф.рс“ го посетила родниот крај и домот каде пораснала Миа.
Како што пишува порталот соседите изјавиле дека пред да стане мајка Миа често го посетувала родниот крај.
Мајката на пејачката, Лидија престојува заедно со Миа и партнерот и им помага околу ќерката Ема, а како што велат соседите ретко доаѓа во Ваљево односно само кога има обврски.
Куќата во која пораснала Миа е одалечена од улицата и вревата, а пејачката мислила на секој детаљ.
Таткото на пејачката почина во јули претходната година, а бидејќи се уште не поминала една година на главната порта стои негова посмртница.
Смртта на нејзиниот татко е причина поради која Борисављевиќ не сака да го посетува родниот крај.