Ким Кардашијан неодамна покажа како ја уредила својата канцеларија.
Снимката стана вирална на TikTok, а луѓето пишуваат дека никогаш не виделе понеудобен мебел.
На снимката се гледа канцеларија уредена во скандинавски стил, а во еден момент се гледаат и столчињата во форма на триаголник наменети за гостите.
„Мислам дека штотуку ги видов најнеудобните столчиња досега“, се вели во описот на објавата на снимката.
@kimkardashian @skkn ♬ original sound – Kim Kardashian
„Грбот би ме болел страшно“, „Попрво би седнал на подот“, „Тоа се столчиња за гостите да не седат предолго“, „Ова е ужасно“, се само дел од коментарите на TikTok.
Многумина пишуваат дека едноставно е невозможно да седите на таков мебел повеќе од неколку минути. Некои напишаа дека Ким мебелот го користи само за украсни цели и дека најверојатно воопшто не ја користи канцеларијата.
фото:принтскрин/тик ток