Деновиве во српските медиуми се пишуваше дека наводно учесничката во „Задруга“, Ива Гргуриќ го прогонува Саша Поповиќ со цел да го освои.
Атрактивната Ива целото изминатото лето се зближи со директорот на „Гранд продукција“ додека тој беше во Опатија.
Нивната заедничка фотографија излезе во јавноста, а пријателка на старлета изјави дека Ива се обидела да го заведе еден од најмоќните луѓе во домашниот шоубизнис.
По овој повод, Поповиќ се огласи и откри дека Ива во животот ја видел само на пет минути.
„Девојката која медиумите ја поврзуваат со мене, ја видов само еднаш во животот и тоа на пет минути, тогаш кога и настана фотографијата. Како и секој ден кога се фотографирам со луѓето на улица. Ни пред тоа, ни после тоа ја немам сретнато, тоа е единствена вистина“ вели Саша.
Поповиќ ги замоли сите медиуми да не го поврзуваат со „разни личности“ бидејќи на тој начин го уништуваат неговиот приватен живот.