Пејачката Емина Јаховиќ по разводот со Мустафа Сандал си најде нов дом во Истанбул.
Емина таму живее со своите наследници, а домот го уредила по свој вкус.
Домот на Емина Јаховиќ и нејзините синови се наоѓа во населбата каде што тие првично живееле, за децата што почесто да го гледаат својот татко.
Емина често на социјалните мрежи објавува фотографии од својот дом, а судејќи по нив може да се заклучи дека нејзиниот нов стан е уреден во минималистички и модернистички стил.
Доминираат крем тонови и бели бои кои го прават целиот простор да изгледа елегантно, а исто така е полн со светлина.
Иако пејачката претходно живеела со сега веќе бившиот сопруг Мустафа Сандал во вила вредна преку 700.000 евра, не и пречело да се пресели во помал простор, туку решила максимално да го искористи тоа.
Огледала со златна рамка, мермерни ѕидови, застаклена градина – ова се само дел од многуте внимателно уредени катчиња во домот на Емина Јаховиќ.
Сепак, најубавото катче секако е терасата со поглед на Босфорот.
фото:Инстаграм принтскрин