Пејачката Милица Тодоровиќ и нејзиното момче Лазар уживаат во различни активности, а имаат и заедничка страст за тетовирање.
Тие заедно посетиле студио за тетовирање кога и двајцата се одлучиле за интересни тетоважи.
И двајцата го истетовираа ликот на своите миленици, а Милица веднаш ја покажа тетоважата на социјалните мрежи по завршувањето на тетовирањето.
„Мојата најголема љубов“, напиша пејачката во описот на фотографијата на која може да се види ликот на нејзиното куче Лола.
Инаку, пејачката е позната како голем љубител на животните, особено на кучињата, па оваа тетоважа не е изненадување.
Таа е исклучително приврзана за својот миленик, па реши таа љубов да ја искаже на интересен начин.
фото: printskrin/instgaram