Радио Милева

Oва досега се нема случено во „Ѕвездите на Гранд“: Кандидатка се појави во патики и маица, а Снежана Ѓуришиќ стана да и аплаудира

Oва досега се нема случено во „Ѕвездите на Гранд“: Кандидатка се појави во патики и маица, а Снежана Ѓуришиќ стана да и аплаудира

Кандидатите во „Ѕвездите на Гранд“ изгледа дека најголем страв имаат од коментарите на жирито, посебно можеби од Јелена Карлеуша која знае да биде брутална.

Меѓутоа, изгледа дека кандидатката Слаѓана Зубчевиќ немаше таков страв.

Таа во последната емисија на музичкото шоу се појави во брендирана маица на Марија Шерифовиќ и патики, што можеби не е по вкус на некои членови на жирито.

фото: Принтскрин/јутуб

Јелена истакна дека била подготвена да ја направи лом што дошла во таков стајлинг,  но кога го пуштила својот глас и покажа дека знае да пее, се предомислила, па дури и се расплака.

Слаѓа се претстави со песни од Ана Бекута и Снежана Ѓуришиќ, а по нејзината изведба, Ѓуришиќ имаше само еден коментар:

фото: Принтскрин/јутуб

„Сега ќе направам нешто што никогаш го немам направено“, изјави пејачката и застана на нозе и почна да и аплаудира во знак на почит.

Кандидатката помина во следниот круг.

To top