Познатата српска актерка Неда Арнериќ почина на 67-годишна возраст. Таа била пронајдена мртва во нејзиниот стан, без знаци на живот и траги на насилство.
Неда два пати се обиде да самоубие, но беше згрижена на ВМА, а потоа истакна која и е неисполнета желба.
Актерката пред да почине сакала да отпатува во некоја азиска земја.
„Заминувам во Индија, сакам да пробам аскетски живот. Кога имам паузи, правам некои други работи“ изјави тогаш Неда.
Аскетизам претставува одрекување на телесни побарувања, а подразбира пост, молитва, земање само на еден оброк во текот на денот.
„Сонувам за пензија на Алпите, можеби ќе напишам книга за својот живот. Сакам да правам многу работи’ изјави Неда во една прилика.
Таа во своето последно интервју исто така откри дека сакала да скока со падобран.
„Цел живот сакав да скокам со падобран, но не се наместија коцките. Пробав да сурфам на даска на бранови, но не се прославив најдобро. Помислив: Ако не успеам од прва, нема никогаш ни да го совладам, па го баталив. Сонував да се искачам на Хималаите, сакав да се занимавам со алпинизам. Ме привлекуваа екстремните спортови, но тоа ќе остане за во некој нареден живот, ако се случи, неодамна раскажа Неда за своите неостварени желби.
Неда Арнериќ е родена на 15 јули 1953 година во Књажевац и имаше богата актерска кариера. Во Македонија беше најпозната по улогата во филмот „Исправи се Делфина“. Во 2016 година Неда доживеа тешка несреќа, по која тогаш за среќа преживеа, паѓајќи од третиот кат на својот стан.