Пејачката Марија Шерифовиќ се најде во центарот на медиумското внимание по нејзината бурната реакција на јавно место.
Видеото кое се шири на социјалните мрежи на кое се гледа како Марија Шерифовиќ го запира автомобилот на сред улица и излегува од него, а потоа вика, за кратко време стана една од главните теми.
На видеото се слуша како пејачката пцуе, а видно изнервирана удира со тупаници по нејзиниот автомобил. При сето ова женско лице ја смирува, а вревата се слушнала и во зградата во која била паркирана Марија.
– Одговори ми – вика Марија, додека едно женско лице цело време ја смирува.
И додека сите шпекулираат зошто Марија изгубила контрола, еден соговорник кој е добро упатен во овој случај ја откри позадината на хаосот што го направила среде ноќ.
– Конфликтот настана поради класична љубомора. Марија била со пријателката и партнерката во нејзиниот автомобил. Се беше во ред до моментот кога партнерката призна дека ја изневерила. Тогаш Шерифовиќ полудела. Изгубила контрола, го запрела возилото за да избегне сообраќајна несреќа и почнала да вика – вели добро информиран извор.
Според него, пред инцидентот Марија, нејзината партнерка и пријателите се забавувале.
– Прекрасно си поминаа. Беа среќни, ништо не навестуваше дека вака ќе заврши. Меѓутоа, разговорот што започнал во автомобилот довел до сериозен проблем меѓу двете. Пејачката доживеа напад, закочи, излезе од автомобилот, а се останато се гледа на видеото – вели изворот.
По ова почнаа разни приказни и шпекулации за тоа на кого му се лути пејачката и која е причината за ваквата реакција, сепак таа откри за што се работи.
Marija Šerifović pravi haos u centru grada! pic.twitter.com/mD59rodPTS
— Lovac na neke od njih! (@Sabljalo) August 27, 2022
– Иако никого не треба да го засега, добив некои приватни лоши информации. Единствена личност на која треба да му се извинам е мојот автомобил и ако разбудив некого – изјавила Марија.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Марија Шерифовиќ/Јутјуб