Поранешниот вработен во кралското семејство, Грант Харолд, работел за кралот Чарлс Трети седум години и за тоа време запознал повеќе членови на кралското семејство. Посебен впечаток му оставила Кејт Мидлтон, за која вели дека не е како остатокот од семејството.
„Ми се допадна тоа што Кејт, како девојка на принцот и пред да стане член на кралското семејство, често го поминуваше времето со мене и со другите членови на персоналот и беше многу љубезна, пријателски настроена и забавна, постојано се шегуваше“, рече Харолд.
View this post on Instagram
Особено му се допаднало како таа се однесува кон персоналот на дворот, но и нејзиниот однос кон Вилијам.
Тој бил сведок на различни семејни моменти и работел во периодот кога Вилијам и Кејт ја започнуваа својата врска, односно по враќањето од Универзитетот во Св. Ендрјус, кога двајцата имаа по 19 години, и нема да каже ништо друго освен пофални зборови за убавата принцеза.
фото:Инстаграм