Дарко Лазиќ пред два месеци доживеа тешка сообраќајна несреќа по која беше во лоша состојба и едвај преживеа.
Сега пејачот полека оздравува во бања во Србија.
Меѓутоа, како што пренесуваат српските медиуми наводно пред сообраќајката Лазиќ имал телефонски разговор по кој веднаш одлучил да замине од ресторанот каде се наоѓал.
Наводно, тоа утро кога Лазиќ ја доживеал сообраќајката разговарал со својата свршеница која му открила дека е бремена и дека пејачот ќе стане татко по вторпат, пренесува курир.рс
„Ѕвездата на Гранд“ по веселбата се јавил на Марина која му соопштила дека ќе станат родители. Од возбуда пејачот не можел да заспие и тргнал кон родниот крај да се види со својата сакана.
„Со денови се шпекулираше зошто Лазиќ тргнал за Брестач кога можеше да остане во својот стан и да се одмара. Меѓутоа, имаше силна причина. Тој пееше до раните утрински часови, а кога се врати во соба му се јави Марина и му кажа убави вести.Тоа утро таа направи тест кој покажа дека е бремена. Дарко беше толку среќен што веднаш сакаше да биде со неа, да ја прегрне.Не му беше важно што е уморен и што пееше цела ноќ, туку седна во автомобилот, пушти гласна музика и тргна кон кон својот роден крај, не сомневајќи се дека тоа може да го чини живот“ вели за „Курир“, пријател на Дарко и додава дека неговата свршеница не знаела дека пејачот ќе тргне кон дома по радосните вести.
„Сакаше да му ги каже радосните вести, но се надеваше дека ќе остане да спие во Шабац бидејќи знаеше дека е уморен. Многу се потресе кога дозна што се случило“ вели пријателот на Лазиќ.
По овие написи се огласи и самиот пејач, кој во телефонски разговор за „Курир“ потврди дека тој ден добил убави вести.
„Не сакам да се сеќавам на тој ден. Точно е дека добив убави вести и тоа е се што сакам да кажам на таа тема. Среќен сум што повторно ќе станам татко, посебно што мојата ќерка ќе добие брат или сестра. Во целата ситуација, Бог не благослови“, изјавил Дарко.
Тој додаде дека му е благодарен на својот менџер и дека едвај чека да се врати на музичката сцена.
„Тоа ми е голема желба. Без музика мојот живот нема смисла. Во најтешките моменти со мене беа моите родители, мојата Марина и мојот менаџер. На него сум му доживотно благодарен. Едвај чекам да оздравам и да продолжиме со работа. Гледам дека во негова оргиназација се најдобрите случувања за Нова година и многу ми е драго“ вели Дарко.
За потсетување, кон крајот на октомври Лазиќ се здоби со тешки повреди во сообраќајна несреќа кога излета од патот и се преврте неколку пати.