Радио Милева делба на колачот

Откриен „тестаментот“ на Балашевиќ: Еве кој што ќе добие од наследството на легендарниот Ѓоле (ФОТО)

Откриен „тестаментот“ на Балашевиќ: Еве кој што ќе добие од наследството на легендарниот Ѓоле (ФОТО)

По смртта на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, семејството е сè уште неутешно поради неговото заминување, а деновиве се покрена прашањето и за наследството што го остави Ѓоле. Како што пишува „Стар“, деновиве во Нови Сад, главна тема е кој што ќе наследи од  Балашевиќ.

Починатиот музичар поседувал неколку имоти, вклучувајќи луксузен имот со куќа во Истра вреден 400.000 евра. Според изворот на весникот, Балашевиќ не направил тестамент, па вдовицата Оливера Балашевиќ и нивните деца Јована, Јелена и Алекса ќе споделат подеднакво сè што стекнал.

„Ѓоле не беше од таа приказна, авиони-камиони. Никогаш не рече дека купил нешто вредно или скапо, тој секогаш бил скромен во  материјална смисла. Сепак, сите овде во Нови Сад знаат дека тој стекнал и заработил многу, и затоа луѓето сега зборуваат кој што ќе наследи. Се споменува тестамент, но ние кои го познававме сме сигурни дека тој не напишал тестамент затоа што тоа беше чиста матемитика за него, а тој не беше материјалиста. Тој и Оливера често велеа дека не знаат ни да бројат и дека други го прават тоа за нив“ – вели изворот кој наводно го познава целото семејство Балашевиќ и додава:

„Ако Ѓоле знаеше дека крајот му е близу, можеби ќе се договореше со сопругата и децата на кои ќе им оставеше нешто. Сега тоа ќе биде направено како што налага законот, едната половина оди кај сопругата  Оливера, а другата половина на три дела кај  децата Јована, Беба и Алекса. И тука нема ништо спорно, бидејќи сите заедно ќе ги наследат авторските права од неговите песни што се вртат и свират во сите околни земји, како и правата на неговите дела што допрва ќе бидат објавени. Важно е да бидат згрижени сега кога него го нема и да не се плашат за нивниот опстанок. Освен тоа, Оливера е многу способна жена и не би ја мрзело да започне повторно да работи ако треба да заработи за себе или за децата. Тие се хармонично семејство и нема да има проблеми со поделбата на имотот, бидејќи сум сигурен дека ќе биде лесно да се договорат. Ниту еден од нив не е мрзлив и тие секогаш живееле во согласност со ситуацијата, и кога имале изобилство и кога едвај преживувале“ – заклучува изворот.

To top