Се наближува крајот на финалето на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а со тоа се поголема е конкуренцијата и остануваат се помалку кандидати. Од оние вистинските можеби ќе биде нешто или оние во кои жирито препозна дека ќе бидат ѕвезди.
Годинешен наш преставник е Огнен Здравкоски, кој со својот глас ја освои публиката. Претходната недела Огнен стигна до четвртиот круг, а од членовите на жирито доби само пофалби.
Тој деновиве присуствува во Белград каде што се снимаше петиот круг на „Ѕвездите на Гранд“. Иако оваа емисија не е е емитувана, Огнен на социјалните мрежи предвреме сподели дека со сите седум гласа поминал во петиот круг.
„Драги пријатели со чести и задоволство ви пренесувам дека повторно со 7 гласа ја носам нашата Македонија во петиот круг“, напиша пејачот во описот на фотографијата, а веднаш следуваа честитки и пофалби за младиот преставник.
Огнен не го делат уште многу чекори до самото финале, дали ќе стигне до таму и ќе биде новиот победник на „Ѕвездите на Гранд“, останува да видиме.