Tијана Дапчевиќ неодамна на својот роденден ја издаде својата нова песна „Слепа љубав“, а периодов гостува по емисии каде што ја промовира песната.
Така изминатиот викенд, Тијана беше гостинка во емисијата „Магазин ин“ каде што заедно со останатите гости зборуваа на темата „Фателен маж“.
Тијана откри како според неа треба да изгледа вистинскиот маж, а потенцираше дека веќе еден таков има во нејзиниот дом, односно сопругот Милан Дапчевиќ.
Во еден дел од емисијата водителката ги праша гостите како реагирале нивните родители кога ги запознале со некое свое момче.
Тијана не одговори за себе, туку за нејзината сестра. Имено, Дапчевиќ откри како нивната мајка реагирала кога го запознала сопругот на Тамара, Александар Димитриевски – Мачка.
„Не, јас никогаш нема да заборавам кoга мајка ми го запозна мојот зет, сопругот на мојата сестра со кој е во среќен брак и има две деца. Се сеќавам, Тамара го донесе, а мајка ми и рече: „Ќерко, овој малку е пијан“, а Тамара и одговори: „Мамо, има трема“ , а мајка ми пак: „Ќерко, овој малку пиел. Јас умрев од смеа“, се сеќава Тијана.
Инаку, Дапчевиќ неодамна наполни 45 години и откри како се чувствува:
„Годините се само бројка, важно е како се чувствуваш од внатре“, изјави пејачката.
Потсетуваме, Тијана е во брак со Милан Дапчевиќ, а како што вели и по 21 година сака и е сакана.