Концертот на балканската ѕвезда Цеца со кој требаше да се одбележи јубилејот 10 години постоење на „Аква паркот” во Пробиштип, е откажан, објавија организаторите.
Поради големиот број новозаразени со коронавирусот, од “Аква паркот” најавија дека нема да прават забава и велат дека јубилејот ќе го прослават догодина.
“Почитувани,
Следејќи ја новонастанатата ситуација со КОВИД 19 и зголемениот број на новозаболени, како и новите мерки кои стапија на сила , настанот “ЦЕЦА за 10 години Аква Парк Пробиштип“ се откажува.
Средствата од купените карти во претпродажба за настанот ќе можете да ги повратите од 19 Август до 20 Септември од местото каде ги имате набавено а доколку сте ги набавиле преку www.kupikarta.com потребно е да испратите email на [email protected] наведувајќи: настан, име, презиме, дата на трансакција и количина на набавени карти.
Останете во добро здравје и почитувајќи ги мерките за заштита, а ви ветуваме дека наредната година спектакуларно ќе го прославиме нашиот јубилеј”, стои во објавата на Фејсбук страницата на Аква паркот од Пробиштип.