Радио Милева еден е животот, сакајте го...

Откако заврши под хируршки нож, Весна Бејби ја научи животната лекција: „Мене животот жестоко ме зашамара, мислев на сите, но не и на себе и ја платив најскапата цена“ (ФОТО)

Откако заврши под хируршки нож, Весна Бејби ја научи животната лекција: „Мене животот жестоко ме зашамара, мислев на сите, но не и на себе и ја платив најскапата цена“ (ФОТО)

Актерката Весна Бејби Петрушевска ослабе повеќе од 10 килограми по операцијата на жолчката која траела два часа… Сега Бејби полека  го враќа телото во нормала иако патот воопшто не е лесен зашто таа мора да биде под строг режим на исхрана.

Целосно го исфрлив шеќерот. Исто така и млечните производи, црвено месо, значи ништо од тоа не смеев да јадам. Само варен зеленчук“, откри актерката.

Додека закрепнува, авоедно и ги полни батериите за новата напорна сезона, Бејби сподели неколку фотографии од одморот кои ги надополни со стауси во кои ја раскажа својата приказна од последниов мачен период во кој и се случувале сите здравствени недаќа. Патем со своите совети ги поучи помладите но и сите останати дека дебелината доаѓа од различни прилини и затоа не е убаво некому да му ја потенцирате. Патем, дека промените на подобро ќе ви се случат, само тогаш кога вие ќе за тоа цврсто одлучите, а никако сами по себе.

 

„Не е дека ќе ви откријам континет ,но само да ве потсетам што веќе знаете. Секој вишок на килограм има причина (најчесто здравствена).Бидете внимателни кога некому кажувате: ‘Ама си се здебелил’ ! Може да е здравје, може да е ментално здравје, па некој пие лекови кои зголемуваат тежина, може да е спор метаболизам, хормонски дисбаланс и секако може да е јадење. Кога вие ќе одлучите тогаш ќе ви се случат промени. Мене животот ме зашамара жестоко,на сите мислев но не и на себе со тоа ја платив најскапата цена. Но јас ги сакам луѓето, работата, децата кои ги учам, ми фали Кирил иако знам дека му е супер таму, го изгубив тато,ама среќна што ја имам мама и си ја чувам, Мина е супер после години борба. Работам нон- стоп и ќе работам. Имам проекти пред мене и само љубов и таа е во мене. Многу е важно да се сакате себеси и да се сочувате“ – споделила актерката па во своите Инстаграм приказни додала:

„Ставете си патетнт на уста откако ќе се освестите дека храната е самоконтрола. Тогаш го враќате телото во нормална состојба. мене ми остана само малку стомаче кое ќе спласни поради операцијата. Еден е животот – сакајте го“ – порача за крај  Весна – Бејби.

To top