Пејачката Лепа Брена е повеќе од 35 години на естрадната сцена, а во текот на целата кариера ја следеа разни скандали.
Меѓутоа, најмногу внимание привлече скандалот дека наводно семејството Живојиновиќ краде струја.
Имено, медиумите тврдеа дека ресторанот кој е во сопственост на нејзиниот посиник Филип Живојиновиќ и снаата Александра Пријовиќ е исклучен од електронските мрежи поради голем долг, па дека поради тоа наводно краделе струја.
Лепа Брена првпат одлучи да проговори за тоа и да ја открие вистината.
„Благодарение на политиката која наместо економијата е доминантна на Балканот, се појавија нови професии, т.н ботови, каде што луѓето се платени да уништуваат нечиј кредибилитет.Нас не снајде приказната дека сме краделе струја. Се смеевме бидејќи не знаеме како се прави тоа. Таа глупост беше смислена како последица за раскинување на договорот на „Гранд продукција“ и една фирма. Бев колетерална штета. На крајот одговорната жена пратила писмо во собранието објаснувајќи дека и било задача да пишува за тоа“ вели Лепа Брена.