Деновиве во српски Курир.рс се појави интервју со дадилката на децата на Јелена Карлеуша во кое се пишува дека вработената кај пејачката наводно изјавила дека постојано добивала навреди од Јелена.
По излегувањето на ова интервју, веднаш на социјалните мрежи се огласи Карлеуша која вели дека една од новинарките на овој српски медиум постојано измислува лаги за неа, како и тоа дека дадилката на нејзините две ќерки никогаш не дала интервју за споменатиот медиум.
– Несреќниците од Курир.рс и опседнатата новинарка Лилјана Станишиќ продолжуваат со болни лаги. Овој пат го измислија интервјуто со дадилката на моите деца со цел да ме повредат мене и моето семејство. Нема кој да го запре дивеењето на овој болен џган, пишува Карлеуша во објавата, а притоа објави и приватни пораки со дадилката.
„Дали си дала интервју за Курир?“
„Немам поим, какво интервју?“
„Утре на две страници на Курир наводно твое интервју“
„Слушај Зоки, прво излезе дека сме избркани, сега мое интервју. Кога брате ќе не остават на мир“, гласат пораките на дадилката и веројатно соработникот на Карлеуша.
По ваквата објава, се појавија разни коментари, едни стоеја во одбрана на пејачката, додека други беа на страната на медиумот.
Инаку, деновиве голема прашина се крена околу тоа што Јелена го нападна фотографот на Курир.рс, бидејќи сакаше да ја фотографира на гробот на нејзината мајка Дивна Карлеушпа. По ваквиот инцидент, таа наводно била сослушана во полиција.