Пејачката Лепа Брена не сака да зборува за својот син Стефан откако тој реши да се повлече од медиумите и повеќе да не се експонира во јавноста, а сега сепак мораше да се пофали со неговиот подарок.
Имено, Брена на Инстаграм објави фотографија од чаша која и ја подарил нејзиниот наследник, на која пишува дека е ’супермајка’ која безусловно ја сака.
Пејачката била воодушевена, па радоста морала да ја сподели со сите.
Да потсетиме, музичката кариера на Стефан тргна по нагорна патека, а потоа нагло реши да прекине со се’, да се повлече од медиумите и повеќе да не се рекламира на таа тема, а исто така се пресели и од семејниот дом.
фото:Инстаграм/Јутјуб принтскрин