Радио Милева

Откако се пофали со успехот во „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Величковски се најде во друштво на „секси сењорита“

Откако се пофали со успехот во „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Величковски се најде во друштво на „секси сењорита“

Македонскиот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Величковски во првиот круг доби гласови и за ментор ја одбра Вики Миљковиќ.

Набрзо после тоа Вики и Стефан добро се подготвуваа за вториот круг, а изгледа Стефан бил добар ученик.

Тој неодамна се пофали со фотографија од снимањето на вториот круг и покажа дека ги добил сите шест гласа, односно директно помина во трет круг.

Учеството во регионалното музичко шоу му овозможува на Величковски да ги запознае колегите од српската естрада.

Освен на сцената, македонските учесници имаат прилика да се дружат и зад сцената.

Така, нашиот Македонец овој пат се најде во друштво на една од најзгодните млади српски пејачки Милица Павловиќ или позната како „секси сењорита“.

Стефан оваа фотографија ја објави на „Инстаграм“, а во описот напиша „секогаш во добро друштво“.

Дали Павловиќ му дала некој совет за „Ѕвездите на Гранд“ каде и таа некогаш учествуваше не знаеме, а како ќе се претстави Стефан останува да видиме.

To top