Јелена Карлеуша на Инстаграм ја „заследил“ познатиот рапер Канје Вест, поранешниот сопруг на најпознатата светска старлета Ким Кардашијан.
Карлеуша која се најде во друштво на Дуа Липа, Бела Хадид, Ријана… кои му се на листата на пријатели на раперот, веднаш го прифатила пријателството со Канје, па останува да видиме дали меѓу нив двајца ќе следува и некоја преписка за евентуала можна соработка.
Но, она со што белградската „мала од скандала ги запали социјалните мрежи“, е експресната објава на својот Инстаграм профил, каде русокосата сподели фотографија на која позира (речиси) како „од мајка родена“, носејќи патики од еден познат светски спортски бренд, токму со потпис од Канје Вест.
Секако кај Карлеуша ништо не е случајно, па ниту голотијата во бели патики со неговиот потпис како фотопоздрав од неа, во име на новото пријателство со светски познатиот рапер.
Се претпоставува дека Вест веќе неколку години наназад знае која е Карлеуша, со оглед на тоа што американските медиуми пишуваа за нејзиниот стајлинг, односно дека поранешната сопруга на раперот наводно ги копира нејзините модни изгледи.
Своевремено и Ким Кардашијан се огласи и на својот блог и ја пофали српската пејачка:
„Ова недела женска симпатија е српската поп ѕвезда Јелена Карлеуша! Првпат слушнав за неа кога луѓето споредија некои од нашите изгледи – некои рекоа дека сум ја копирала. Се разбира, морав веднаш да ја видам. Навистина е прекрасна! Некои од нејзините стајлинзи навистина личат на моите – го сакам нејзиниот смел стилски израз! И две сме тотално глам! Ми изгледа дека е моќна жена која напорно работи и тоа ми се допаѓа! Ја почитувам“ – напиша Ким постирајќи фотографии од Јелена.
Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar/ twitter-kanyewest