Пејачката пред неколку дена имаше настап во Будва, а за таа прилика облече краток фустан од кои и ѕиркаше долната облека.
Поради тоа доби многу критики дека наводно се облекува многу провокативно.
Меѓутоа, изгледа Брена не ја допираат овие коментари бидејќи така се облекува веќе три децении.
„Па, јас носам кратки фустани и шиени костими за сцена веќе 35 години. Такви костими носи Шер, Тина Тарнер, Џенифер Лопез и сите светски ѕвезди. Последните 35 години ги следам светските трендови“ вели Брена за „Блиц“ и додава:
„Воопшто не читам коментари бидејќи социјалните мрежи ги води мојата фирма. Треба да има и едни и други коментари“ вели пејачката.