Радио Милева отворено за ѕвездите

Откако ја победи опаката болест, Марина Туцаковиќ ги открива тајните на српската естрада за Цеца, Карлеуша, Ана Николиќ… (ФОТО)

Откако ја победи опаката болест, Марина Туцаковиќ ги открива тајните на српската естрада за Цеца, Карлеуша, Ана Николиќ… (ФОТО)

Марина Туцаковиќ, најпознатиот српски текстописец и жената од шоу-бизнисот околу која познати личности со децении се натпреваруваат кому поубави стихови ќе му напише,  неодамна преживеа пекол, откако се соочи со опаката болест. Но, таа се издигна над неа и продолжи со нормално да живее, откривајќи како тој се чувствува по тешкиот период кој го остави зад себе, како и со кого од естрадата ја продолжува соработката.


Коментирајќи ја врската со нејзината пријателка Светлана Цеца Ражњатовиќ, Марина рече дека би сакала  ќерката на Цеца – Анастасија да ја надмине популарноста на нејзината мајка, а потоа додаде дека со фолк дивата активно крои песни за нејзиниот претстоен албум.

„Цеца и јас постојано сме на врска, ноимаме проблем со песните… Не знаеме кој пат да фатиме“ – рече Марина.

Запрашана за Карлеуша, ќе изјави:

„Не се слушаме повеќе. Што има да се коментира, страшно низ што се’ минува … Jeцa е голем борец“ – таа нагласува.
Кога станува збор за Ана Николиќ, Марина не штеди зборови:

„Мислам дека албумот на Ана ќе биде подготвен до крајот на летото. Тоа нема да биде онаа старата, туку сосема нова Ана. Само да ослабе. Работи сега на тоа, добро е и заради нејзиното здравје, но таа сака да си касне“ – резимира низ насмевка Марина.

To top