Мирјана Антовиќ од Канада дојде во Србија поради судењето со Мирослав Илиќ за утврдување на татковство на нејзиниот син Девин кој не сака да го признае. Пејачката Лепа Брена беше сведок на рочиштето на нејзината пријателка.
По завршувањето на судењето, адвокатот на Мирјана се огласи истакнувајќи дека судењето е затворено за јавност, додека пак Лепа Брена истакна дека не можат ништо да кажат и дека „седмата сила“ ќе треба повторно да дојде.
Пејачката јавно ја подржува Мирјана, а сега на својот „Инстаграм“ објави фотографии на кои уживаат во ресторан, а покрај објавата напиша:
„Имам мали желби, да го сочувам добрите пријателки“.
За потсетување, Брена за Мирјана подготвила и посебни подароци кои многу ја израдувале.
„Брена е свесна колку е стресна целата ситуација за Мирјана, па се потруди максимално да ужива додека е кај неа дома. По рочиштето, Брена во нејзиниот дом ги собра нивните драги луѓе, па се опуштија со вино и гозба. Мирјана многу се израдува од гестот на Брена. Пејачката ја частеше неколку српски специјалитети кои и недостигаат на Мирјана“, изјави извор.
Инаку, Мирослав Илиќ не сака да го признае неговиот син Девин и одбива да направи ДНК анализа.