Пејачката Тијана Дапчевиќ влезе во редот на дамите со напумпани усни.
Имено, откако го избоцка лицето, односно направи мезотерапија, Тијана по многу убедување и по сугестија на докторката на која силно и верува, реши да стави филер во усните.
Објаснувањето беше дека пејачката не сака големи усни, туку само враќање на стариот волумен кој со текот на годините се намалува.
View this post on Instagram
Постапката треше релативно кратко, па откако Тијана се виде во огледало ја нарече докторка коза, но бидејќи долго се познаваат ова не беше сфатено како навреда.
Дапчевиќ беше позитивно изненадена од резултатот, па затоа ја нарече докторката така, што иако толку се трудела не успеала да ја наговори порано.
Тијана не престана да се гледа во огледалото, а на своите следбеници почувствува дека им должи објаснување за црвенилото на лицето по постапката кое е индивидуално, бидејќи таа има ултра сензитивна кожа.
Тијана секогаш била отворена за она што го работи на себе во однос на својот изглед, па и овој пат јавно откри што се’ правеше на лицето, а е крајно задоволна.
Наскоро на 5-ти октомври таа настапува во Скопје, па и непосредно ќе имаме прилика да ги видиме промените од естетиката на новото време.
фото:Инстаграм принтскрин/Тијана Дапчевиќ