Радио Милева

Откако Адам Лабунски го отстранија од „Ѕвездите на Гранд“, се огласи и татко му Ибро – ова е неговата објава (видео)

Откако Адам Лабунски го отстранија од „Ѕвездите на Гранд“, се огласи и татко му Ибро – ова е неговата објава (видео)

„Ѕвездите на Гранд“ веќе се минато за сега  екс- натпреварувачот Адам Лабунски кој беше дисквалификуван од музичкото шоу. Причина за тоа било несогласувањето поради хотелската соба каде бил сместен и не сакал истата да ја дели и со таткото на неговиот противкандидат Данијел Васиќ.

Иако во текот на натпреварот, таткото на Адам, македонскиот фолк пејач Ибро Лабунски беше постојана поддршка на својот син, а во една прилика имаше и кавга со членот на жирито Ѓорѓе Давид, Ибро неколку дена по отстранувањето на Адам, остана „нем“ по она што му се слуичи на неговиот син.

фото:принтскрин/јутјуб

Сепак, денес се огласи на својот Фејксбук профил, но немаше што да искоментира, туку само како горд татко сподели видео од настапот на Адам во „Пинк ѕвезди“  во 2018 година, каде тој  претходно се натпреваруваше.

-Адам Лабунски не престави во сосетството се една прекрасна Македонска песна до „Три ми пушки пукнаја“. Да ја послушаме, гласи описот на видеото кое го објави Ибро Лабунски.

Дали со ова сакаше да каже дека „Ѕвездите на Гранд“ веќе се во заборав, па подобро е фановите на Адам да се присетуваат на настапите кои не беа во шоуто каде заврши со драметичен крај – не знаеме.

фото:инсатграм/принтскрин

Но, останува да видиме дали и како Ибро ќе се изјасни за исфрлањето на неговиот син токму пред највозбудливиот дел на  најпопуларниот регионален музички натпревар „Ѕвездите на Гранд“.

To top