Радио Милева сега и официјално

Осуден Дарко Лазиќ – еве каква казна доби пејачот (фото)

Осуден Дарко Лазиќ – еве каква казна доби пејачот (фото)

Пејачот Дарко Лазиќ е законски осуден на парична казна од 190.000 динари и 10 месеци забрана за управување со возило од Б категорија за два сообраќајни прекршоци што ги направил на крајот на август годинава.

Според неофицијални информации од медиумите, полицијата и пејачот не поднеле жалба на оваа пресуда, па таа станала правосилна.

Да потсетиме, Лазиќ на 23 август предизвика сообраќајна несреќа на автопатот во Белград, кога одзади налета на комбе со БМВ-то што го управуваше. Како што тогаш пишуваше Информер, во текот на истрагата на полицајците им покажал возачка дозвола издадена во Чешка бидејќи претходно му била одземена српската. Инаку, на Лазиќ му е одземена возачката дозвола поради големиот број казнени бодови, а му е забрането да вози до февруари 2024 година

Фото: Немања Николиќ/ Петар Алексиќ

To top