Џенифер Лоренс (30), добитничка на Оскар, беше повредена во експлозија за време на снимањето на претстојниот филм „Не гледај нагоре“, пишуваат странските медиуми.
Експлозијата била планирана и контролирана, и покрај сите мерки на претпазливост, големо количество стакло одеднаш се распарчило, при што актерката била повредена.
Лоренс лежела на земја по експлозијата, држејќи го лицето покриено, кога минувачите притрчале за помош.
View this post on Instagram
Извори за странските медиуми изјавиле дека актерката била погодена од стакло, но дека е добро и се опоравува.
– Стаклото требаше да се расфрла во таа сцена, но не толку неконтролирано – рекол изворот од сетот. Снимањето било запрено по инцидентот.