Здравко Чолиќ откако ја започна својата музичка кариера важи еден за омилените пејачи посебно кај понежниот пол.
Пејачот бил вистински фраер, а тоа го покажуваат и фотографиите на социјалните мрежи.
На еден „Инстаграм“ профил каде што може да се најдат фотографии од познатите од нивната младост, осамна и една фотка од Здравко Чолиќ која настанала во текот на 80тите.
На објавата може да се забележи дека пејачот е во разголено издание и само костим за капење, а во прв план е неговото згодно тело и затегнати мускули.
View this post on Instagram
Инаку, Здравко Чолиќ од 2001 година е во брак со Александра која ретко се појавува во јавност, а со која има две ќерки.
фото: Драган Кадиќ