Радио Милева воланот не е за него

Осамна дебелото досие со прекршоци на Дарко Лазик на кое едвај му се гледа крајот (фото)

Осамна дебелото досие со прекршоци на Дарко Лазик на кое едвај му се гледа крајот (фото)

Ден по свадбената веселба на адресата на српскиот пејач Дарко Лазиќ пристигна пресудата за сообраќајната несреќа што ја предизвика пред неколку дена.

Возачот призна вина за незгодата која се случи на 23 август, а денеска ја доби и казната од судот за прекршоци.

Како што дознава српски „Телеграф“, Дарко е осуден на парична казна од 190.000 динари (скоро 100 илјади денари или 1620 евра) и 10 месеци забрана за возење.

На Лазиќ веќе му е одземена српската возачка дозвола поради големиот број казнени бодови, има активна забрана за управување со возило до февруари 2024 година, а со новата казна од 10 месеци, ќе добие забрана за возење до крајот на 2024 година.

И покрај забраната Лазиќ не го остава автомобилот и користи возачка од Чешка.

Колку треба институциите да го тргнат од улиците, а уште вози, покажува и неговото досие со прекршоци:

– 27.12.2013 година – возење нерегистриран автомобил

– 19.03.2015 година – пречекорување на дозволената брзина во Белград

– 20.04.2015 година – возење со забрана

– 22.05.2015 година – возење со забрана

– 07.07.2015 година – возење со забрана

– 11.08.2016 – непрописно паркирање во Белград

– 22.11.2016 година – пребрзо возење и возење без дозвола

– 26.11.2016 – непрописно паркирање на аеродромот во Белград

– 07.12.2016 година – не сакаше да каже кој го возел автомобилот регистриран на негово име и поминал на црвено

– 18.12.2017 – непрописно паркирање во Белград

– 17.04.2018 година – возење без дозвола и брзо возење

– 23.10.2018 (тешката несреќа во која едвај остана жив) – брзо возење и возење без дозвола

– 28 март 2020 година – прекршување на полицискиот час, возење без возачка дозвола

– 29 април 2020 година – возење без возачка дозвола

фото:FOTO-KOLAŽ: PIXABAY, ANTONIO AHEL/ATAIMAGES/ Instagram printskin

To top