Радио Милева ништо од новогодишен тулум

Организиран дочек во Србија, нема да има: Музичките ѕвезди ги откажаа своите настапи за новогодишната ноќ

Организиран дочек во Србија, нема да има: Музичките ѕвезди ги откажаа своите настапи за новогодишната ноќ

Во соседна Србија организирани дочеци на Новата Година дефинитивно нема да има.  По ставот на Кризниот штаб дека не треба да има организиран дочек на Новата година, откажани се најавените гостувања на музичките ѕвезди во ноќните клубови, хотелите, кафуклињата, рестораните, на сплавовите… и останатите локали и угостителски објекти . И покрај тоа што настапите на многу од нив веќе биле распродадени и покрај пандемијата, а ѕвездите или земале капар или целиот хонорар однапред, пејачите и музичарите без негодување ја прифатиле одлуката, со цел сепак да се зачува јавното здравје, како врвен приоритет на нацијата. Хонорарите сега ќе мораат сепак да ги вратат, како што им стои во договорите, доколку нема настап за Нова Година.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/vo-srbija-kako-da-nema-korona-pejachite-zemale-ogromni-pari-za-nova-godina-narodot-nagolemo-se-podgotvuva-za-dochek/

 

Рада Манојловиќ, Катарина Грујиќ, Слоба Радановиќ, Пеѓа Меденица, Дејан и Саша Матиќ, Слаѓа -Алегро, Ѓани, Александра Пријовиќ, Наташа Беквалац… и многу други пејачи чии гостувања беа договорени и рекламирани уште од пред еден месец, за тамошните медиуми изјавија дека ќе има време за забави, и како сега е период кога треба да се почитуваат мерките, за побргу да се надмине лошата состојба со вирусот.

„Како за сите, така и за нас. Жал ми е, но штом се мора, ќе ги почитуваме мерките. Ќе има време за забави“ – изјавил Саша Матиќ.

Голем број на српски музички ѕвезди изминатиот период јавно изјавуваа дека поради пандемијата се пред банкрот. Во центарот на вниманието се најде тврдењето на Мирослав Илиќ, дека месечно му се потребни најмалку 3.000 евра, за да може да преживее, кое наиде на осуда и обвинувања од страна на јавноста, поради неговата нескромност, кога многу семејства преживуваат со минимални примања.

Естрадата и кај нас разочарано реагираше поради забраната за организиран дочек на новогодишната ноќ, надевајќи се дека можеби сепак тој ќе одобрен според утврдени протоколи, а тие и угостителите ќе можат да остварат каква-таква заработка. Но, остана ставот на Комисијата за здравство и одлуката на Владата дека и на 31 декември угостителските локали ќе бидат затворени во 18 часот.

To top