Во секоја нова епизода на „Ѕвездите на Гранд“ има се повеќе кандидати, некои од нив знаат убаво да се претстават, други знаат да испаднат, а трети да направат вистинско шоу.
Таква беше и една кандидатка која не прифати „не“ за одговор. Иако, доби „паник тастер“, оваа кандидатка го молеше жирито да и даде друга шанса.
Откако продукцијата пушти песна повторно да пее, кандидатката речиси и пееше на уво на Марија Шерифовиќ, а потоа и пееше и на Дара Бубамара која го даде својот глас и ќе и биде ментор.
Откако кандидатката заврши со своето претставување, тргна да се бакнува со жирито, а во тој момент Ѓорѓе Давид излезе од студиото, а кандидатката тргна по него да го брка низ цело студио.
За да крајот се врати на сцена, Ѓорѓе Давид не сакаше да се бакне со девојката туку и порача да се врати на сцената каде што и е местото.
Како оваа девојка ќе се претстави во следната емисија и како Дара ќе ја подготви, останува да видиме.
https://www.youtube.com/watch?v=n4Vm-NS94Z4