Влијателната водителка и милијардерка Опра Винфри решила да направи некои драстични промени на својот имот во Монтесито и во таа прилика налутила многу свои соседи.
Познатата водителка Опра Винфри во текот на долгата кариера која ја градеше низ годините успеа да заработи доволно пари за да стане една од најмоќните жени во светот.
Таа изгради имот во Монтесито, Калифорнија, познат како „Ветената земја“ кој се проценува дека вреди повеќе од 100 милиони долари. Во текот на 2018 година имаше сериозен инцидент со поплави, а тогаш беа загрозени многу домови, бидејќи после водата остана огромна количина кал.
Тогаш животот го загубија дури 23 лица, а материјалната штета беше проценета на милијарди долари. Во истата област каде Опра има куќа, живеат и други познати личности како семејството Сасекс – Хари и Меган Маркл.
Ова е една од најексклузивните области во Јужна Калифорнија, но во последните неколку години стана доста опасно кога има ненадејни врнежи.
Oprah Winfrey’in evi için istediği izin, yağmurlardan korumak için yapılan bir duvarın ortaya çıkmasına neden oldu. #Oprah #İngiltere https://t.co/01iWkgYLKS
— İngiltere Gündemi (@gundemingiltere) April 22, 2023
Опра решила да најде начин да го заштити својот огромен имот и успеала, но нејзиното решение не им се допаднало на оние кои живеат во нејзиното соседство.
Иако Опра добила дозвола да изгради огромен ѕид долж должината на луксузниот имот, соседите во Монтесито, како и луѓето на социјалните мрежи, се бесни на неа и се прашуваат што ќе се случи со нивните домови доколку таа продолжи со својот план.
Oprah’s Montecito neighbors worry new wall will send floods their way
New York Post (RSS)No one knows if Oprah Winfrey authorized it or not, but a boulder wall was installed along San Ysidro Creek to protect her estate. pic.twitter.com/lLTe3JVcWk
— 🇺🇲Cap’n Crunch Zac MD🇺🇲 😂 (@Zac_Unchained) April 22, 2023
Опра решила да изгради огромен ѕид за да го задржи целиот тој отпад надвор од нејзиниот дом. Сепак, ова би ги ставило во опасност многу граѓани од областа Монтесито.
Позната компанија поднела барање за изградба на овој ѕид и иако името на познатата водителка никаде не се споменува во документот, граѓаните на ова место сметаат дека ѕидот е дизајниран да го заштити само нејзиниот имот.
фото:Reuters/twitter