Радио Милева Сега е една од најмоќните жени

Опра Винфри пораснала во маки и сиромаштија: На 9 години била силувана, а на 14 родила син!

Опра Винфри пораснала во маки и сиромаштија: На 9 години била силувана, а на 14 родила син!

Опра Винфри (67), позната водителка и една од најмоќните жени денес, преживеа серија трагедии пред да го земе животот во свои раце. Таа е родена во 1954 година во трошна куќа, како вонбрачно дете на сиромашна, невработена тинејџерка во малото гратче Косијаско во Мисисипи, пишуваат странските медиуми, а пренесува Курир.рс.

Нејзината баба-тетка Ида предложила детето да се вика Орпа, по малку познатиот лик од Библијата, но бабицата која ја породила нејзината мајка погрешно го запишала името – Опра Гејл Винфри.

фото:принтскрин

Првите шест години од животот Опра ги поминала во фармата на баба ѝ во Косијаско, соримашно место каде што уште немало современи придобивки како водовод и телефон.

Подоцна се преселила кај нејзината мајка во Милвоки, која во меѓувреме се омажила и во тој брак добила син и ќерка. Не била задоволна од животот кај мајка си, па побарала спас кај татка си. И тогаш почнал најголемиот пекол.

Во новото семејство Опра преживеала страшни искуства. Сè започнало кога имала 9 години и стравично насилство кое траело 13 години. Поради траумите кои ги доживеала решила дека никогаш нема да биде мајка.

фото:профимедиа

На 14 години забременила, а бременоста била последица од силување. За да ја прекине оваа состојба, Опра испила детергент. Постојано во глава ѝ се вртеле зборовите на татко ѝ.

„Ми рече дека повеќе би сакал да ја види ќерка си како плови во реката Камберланд, отколку да му донесе срам на семејството со раѓање вонбрачно дете. Додека ми го зборуваше тоа, единствен излез од тоа гледав во самоубиството“, во една прилика изјавила водителката.

Единствената добра страна во нејзиното детство било тоа што нејзиниот татко ѝ го плаќал школувањето. Учествувала во разни ораторски натпревари, а потоа добила стипендија на Универзитетот во Тенеси, каде студирала комуникации.

фото:профимедиа

Добивала награди за јавно обраќање и рецитации, а набрзо добила и целосна стипендија за студирање комуникациски и драмски уметности на Државниот универзитет во Тенеси. Во исто време, на 17 години Опра се вработила во радиото WVOL, специјализирано за афроамерикански слушатели во Нешвил, а исто така нашла време и за натпреварот „Miss Black Tennessee“, каде освоила прво место.

Поради нејзиниот тато, ги напуштила студиите и почнала да работи како репортерка и водителка на локална ТВ станица. Првиот сериозен чекор во кариерата го направила кога се преселила во Балтимор, каде се вработила во WJZ-TV News. На почетокот работела како репортер, а кога почнала попладневната емисија „People are talking“, која во тој медиум бил прикажувана од 1980-та до 1993-та година, Опра како една од водителките седела во фотелјата на ток-шоуто за првпат.

фото:профимедиа

На 8-ми септември, 1986-та година почнало емитувањето на емисијата „Опра Винфри Шоу“. Потоа отворила сопствен канал „OWN“. Опра набрзо ја стекнала довербата на гледачите. Со својата емисија започнала вистинска револуција на американските, но и светските телевизиски екрани.

Била срдечна, полна со разбирање, но и директна со своите соговорници, а тој круг постојано растел. Местото ‘на каучот’ покрај Винфри станал прашање на престиж со текот на времето. За тоа дали некој е голема ѕвезда или не, се мери по тоа дали бил во нејзината емисија. Публиката ја обожава, исто како светските ѕвезди. Пред неколку децении почна нова ера продолжи со емисијата „Опра Винфри ново поглавје“ и трае до денес.

To top