Маја Гроздановска Панчева го прослави својот јубилеен 50-ти роденден и навлезе во шестата животна деценија, но на таква жена, со таков изглед, тешко кој би и ги дал годините што ги има.
Таа и денес важи за една од најубавите Македонки, а и една меѓу најзгодните пејачки на македонското естрадно небо.
Кај Панчеви родендените не поминуваат неодбележани, а за еден ваков јубилеен, ќерките Надица и Марија со своите избрани зборови полни со љубов и емоции, ја растопија мама од убаво.
„Од првиот ден се грижеше за мене, ме сакаше и ме натера да се чувствувам сигурно и среќно. Никој друг не можеше да го направи тоа за мене. Никој никогаш не може да ме натера да се чувствувам така. Имај го најсреќниот роденден, те сакам“, напиша Надица на Инстаграм.
Со колаж заеднички фотографии се надоврза и другата ќерка, а мама Маја не пропушти ова да го сподели јавно на својот Инстаграм профил.
Маја Гроздановска –Панчева иако одамна не е активна со својта музичка кариера, никогаш не ја оставила музиката, настапите во Кафе 9-ка и секако во Македонската опера и балет.
Музиката е нејзиниот живот, но со текот на годините се поретко ја гледаме и е присутна во медиумите, освен кога почесто има можаност да се појави заедно со нејзиниот сопруг, познатата фудбалска легенда Дарко Панчев како неодамна кога заедно со ќерките беа поддршка на Дарко на промоцијата на документарниот филм „Патот на Кобра со ѕвездите“.
фото:Instagram/facebook/Maja Grozdanovska Panceva