Оперската певица и актерка Тамара Ангеловска, ќе одржи концерт во Скопје на 22-ри септември во КИЦ – „Салон 19-19“ насловен „Balcanto nella tradizione italiana“.
На концертот освен сопран Тамара Ангеловска, ќе настапи и светски признаениот диригент и пијанист Паоло Шибилија.
Проектот е премиерно изведен во Соренто, Италија 13- ти мај 2023 и Рим, 28- ми мај 2023.
Скопската публика ќе има можност да чуе дел од творчештвот на Тости, Верди, Пучини и македонскиот композитор Зографски.