Иако извесен период паузираше од телевизијата, ТВ водителката, музичар,писател и ПР, Сузана Турунџиева веќе извесен период е автор и воделител на емисијата „Недела во 3“ каде има интересни суштествени теми од животот на кои разговара со гостите од различни профили и професии.
Имено, иако во последната емисија темата и беше „среќа“, во студиото на 1ТВ гостин беше Војо Иванов – човекот кој целиот свој живот е посветен на животните.
Имено, тој во студиото го донесе питонот Жане, од кој веруваме дека не баш сите присутни биле опуштени и релаксирани со толкава змија со непосредно присуство.
Но, домаќинската Сузе покажа дека ни малку не се плаши од огромниот жолт влекач, па си поигра со Жане, ја стави на својот врат, се фотографираше со змијата.
Во студиото на гости кај мама на работа беше и помалата ќерка на Сузе, која кога ја виде мама така бестрашна, посака и таа да го направи истото.
Фотографиите од овие моменти се најдоа на профилот на Турунџиева, а освен изненадените пријатели и следебеници, веруваме дека на колегите и гостите во студиото не им било баш сеедно.