Промотер

Она прави Таско да е – „Локо“ (АУДИО)

Она прави Таско да е – „Локо“ (АУДИО)

По соработките со Тракер и Слаткар, по „Амнезија, ГТ“ и „Дукати“, по сортаботката со босанските и српски артисти Инас и Фокс, македонскиот (т)раперТаско има нова тема. Приказната стилски иста, само со ново продолжение, стиховите исто така. Урбана лирика, инспирирана малку од туѓото, понешто од свое искуство и најмногу, што би било кога би било… Како и да е, новата песна звучи како да е стара, само на нов глас. Ништо што веќе не е слушнато, ама сепак… секоја чест на трудот и ентузијазмот во ова „жабокречина“ некој да пушти глас. А, Таско е еден ретките.

Песната носи наслов „Локо“ и е комплетно авторско дело потпишано од самиот изведвач, кога се во прашање музиката и текстот. За аранжманот, миксот и мастерингот стандардно стои Иван Јованов – Ивајо.

Видео овој пат недостасува,  тешко е да се снима „на трчање“ во време на пандемија, рестрикции на движење и полициски час. За возврат само графичкиот дизајн на Борис Тасковски, кој го покрива аудиозаписот за „Локо“.

Ако не го слушнавте за време на првомајскиот викенд кога песната беше промотивно пуштена на Јутјуб, слушнете како звучи во продолжение:

To top