Таа е една од најпознатите старлети на светот. Популарноста и донесе посебен статус, а она од што никогаш нема да се откаже до самата смрт, е убавината.
Исплива дел од тестаментот кој Ким го составила, иако има само 37 години.
За магазинот „Вог“ таа откри што стои во него.

-Во еден дел од тестаментот пишува дека, ако бидам смртно болна или неподвижна, морам да бидам дотерана. Дури и ако не можам да зборувам или да вршам нужда во пелена, косата, ноктите и шминката, мораат секогаш да бидат на место. Сакам да изгледам најдобро што може до самиот крај, признава Ким и ги запрепасти фановите ширум светот.