Промотер

„Око моје“ е новата дуетска песна на Милица Павловиќ и Саша Матиќ (видео)

„Око моје“  е новата дуетска песна на Милица Павловиќ и Саша Матиќ (видео)

Една од најмладите популарни пејачки Милица Павловиќ и еден од најпопуларните ѕвезди Саша Матиќ снимија дует – „Око моје“.

Текстот , музиката  се дело на Милош Рогановиќ, а аранжманот е дело на Милош Рогановиќ и Алек Алексов. Милица и Саша песната ја екранизираа со видеозапис.

„Кога првпат ја слушнав песната „Око моје“ знаев дека ќе можам да снимам дует со Саша Матиќ. Многу сум горда на ова песна и на Сале бидејќи тој е еден од моите омилени пејачи. Јас ова го работам од срце и навистина сум среќна што нашите фанови конечно ќе може да ја слушнат песната“, изјави Милица.

Саша вели тие двајца се неочекуван спој.

„Милица и јас сме малку неочекуван спој, а тоа и дава дополнителна сила на песната „Око моје“. Кога ги слушнав првите тактови на песната знаев дека ќе ја снимам со Милица и се надевам дека публиката ќе ја препознае емоцијата која ја носи оваа песна“, вели Матиќ.

Во продолжение слушнете ја песната.

фото: Лука Бошковиќ/Фауст Стојанов

To top