На Огњен Врањеш популрните пејачки очигледно му се слабост. Покрај Катарина Грујиќ, Дара – Бубамара и секако, Јелена Карлеуша, босанскиот фудбалер се обидел да заведе уште една позната регионална ѕвезда, тврди српски „Информер“.
Според порталот, фудбалерот буквално „откачил“ кога ги видел порно-фотографиите на Северина, иако по неа бил „луд“ уште од времето на нејзиниот порнич на јахтата, па на блиските пријатели им се фалел како таа е супер рибетина и кога – тогаш ќе ја освои и легне.
Врањеш на Северина дури и испратил и неколку пораки на „Инстаграм“.
„Севе му падна в очи кога во јавноста се појавија нејзините голи фотографии, прво во август минатата година, а потоа и во почеток на октомври. Штом беа објавени фотките на кои се гледаат нејзините голи гради, почна да ѝ пишува: „Дали е можно ова? Презгодна си! Гориш“, а потоа и „Брутална риба си!“, раскажува изворот за „Информер“ и додава: „Но Севе не му возврати. И било чудно што има храброст јавно да и се додворува кога знае дека е мажена. Можела да ги објави јавно неговите додворувачки пораки и да го избламира, но не сакала да се занимава со тоа“ – завршува изворот.
Според зборовите на изворот, Северина набргу го одбила додворувањето на Врањеш со тоа што го блокирала на „Инстаграм“.
Фото: Информер ДН/ Приватна архива/